Добредојдовте!
ТВ ЕМИСИЈА "ABS SHOW 205" - видеото прикажува официјално инсталирање и примена на Водород Генератор HS-VG 60!
И ОФИЦИЈАЛНО! HS VG-60 Е ПРВИОТ АТЕСТИРАН "HHO" ГЕНЕРАТОР НА ВОДОРОД ВО МАКЕДОНИЈА!
На 22 Март, 2012 година, официјално е извршен првиот А-ТЕСТ на Машински Факултет - Скопје на возило со вграден "HHO" Генератор, тип HS-VG 60. ...повеќе
УМОРНИ СТЕ ОД ТРОШЕЊЕ МНОГУ ПАРИ НА ГОРИВО?
Сега постои систем! HS-VG е Генератор на Водород, кој прави да ја редуцирате потрошувачката на горивото во вашето возило за достапна цена. Едноставно, користете го Вашето нормално, основно гориво помешано со Водород, генериран во вашето возило со процес на електролиза. Гасот од Водород заедно со постоечкиот воздух влегува во моторот, каде доаѓа до мешање на гасот со постоечкото гориво, (бензин или дизел) и доаѓа до палење. Ова палење го зголемува октанското ниво на мешавината од гориво и воздух и создава услов за подобро согорување на постоечкото гориво, а истовремено ја намалува емисијата на штетните гасови од возилото.
Дали сте знаеле дека 70% од скапo платената енергија од бензинот или дизелот, е фрлање во ветар?
Како е ова можно?
Одговорот е многу едноставен и лежи во начинот на согорување на фосилни горива во моторот. Значи, фосилните горива како бензинот и дизелот, имаат молекули составени од долгата низа на јаглеводород која содржи 4-12 јаглеродни атоми во една молекула. Во комората за согорување, овие синџири се распаѓаат и во комбинација во едноставни молекули на јаглерод диоксид (CO2), јаглерод моноксид (CO) и вода (H2O).
Проблемот е во тоа што горивото се вбризгува во форма на мали капки кои не може да исчезнат доволно брзо за да дојде до целосно согорување. Поради ова и некои други причини, поголемиот дел од горивото се исфрлува преку системот за издувни гасови. Затоа, во поновите автомобили се вградуваат катализатори кои накнадно го согоруваат преостанатото гориво како би се намалило загадувањето.
Ова е чиста загуба која по некои проценки би можела да достигне до 70% од горивото кај одредени возила.
Накратко, предности од вградување на Генератор на Водород (HHO)!
Штеди гориво најчесто до 30%, во некои случаи и повеќе.
Ја намалува емисијата на штетни гасови.
Го чисти моторот од нечистотиите од согорувањето на горивото.
Ја продолжува трајноста на моторното масло.
Го продолжува рокот на траењето на моторот.
Ја зголемува силата на моторот.
Обезбедува помирна работа на моторот.
Ја намалува работната температура.
Што се случува кога на цилиндерот од моторот ќе внесете одредена количина HHO гас?
HHO гасот е мешавина на водород и кислород кој е формиран од страна на електролиза на водата во генераторот за Водород ("HHO"). Знаеме дека не постои согорување без кислород, а водородот е многу експлозивен гас кој развива високи температури. Покрај тоа, молекулите на водородот согоруваат многу брзо. Не треба да се раздвојуваат во едноставни молекули, затоа што веќе се едноставни.
Заради ова, целиот водород согорува пред клипот да го достигне врвот на мртвата точка (GMT) и така учествува во процесот на растурање на долгите молекули на бензин или дизел. На овој начин, далеку поголемо количество од горивото согорува уште во цилиндарот и врши корисна функција со притискање на клипот надолу.
Логично е дека заради тоа може да дојде до намалување на протокот на горивото во цилиндерот. Ова овозможува заштеда на горивото. Постојат извештаи за повисоки заштеди од 40-60%, но во најголемиот број на случави се јавува заштеда до 30% и тоа зависи од дизајнот и поставеноста на секој мотор.
Постојат сеуште скептици кои не го разбираат овој принцип и тврдат дека заштедата е невозможна, бидејќи за електролиза на водата потребно е да се потроши повеќе енергија отколку што може да се добије од согорување добиено со HHO гас. Тоа е точно, но економијата на горивото не се базира на замена на гориво со HHO гас, туку на подобро искористување на постоечките горива.
Уредите кои се користат за да се постигне ова се нарекуваат HHO засилувачи или Генератори на Водород и произведуваат одредени количини на гас. За мотори до 2000 цм3, доволно е производство на еден литар /минута на HHO гас (1 lpm). Тоа искористува сила од околу 10-15А и ова не е сериозен товар за алтернаторот.
"HHO" Анатомија на моторот






